Одбележување

Армијата одбележува 33 години постоење

18.08.2025 08:12

Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата. Централната свеченост ќе се одржи во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Свои обраќања ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски...

Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата. Централната свеченост ќе се одржи во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Свои обраќања ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На пистата во штипската касарна во строј ќе бидат и новопромовираните 26 потпоручници и 149 подофицери. Претседателката Сиљановска-Давкова со „орден за воени заслуги“ ќе го одликува Центарот за обука на питомци и офицери, кој е дел од командата за обука и доктрини. Освен нејзините главни задолженија, армијата секогаш дава поддршка и на надлежните институции при справувањето со елементарните непогоди и катастрофи, пожари и поплави. За одбраната ќе се издвојат нешто повеќе од 2 насто од бруто домашниот производ. На последниот самит на НАТО во јуни во Хаг, беше донесена одлука минимумот за издвојување за одбраната да биде 5 проценти од БДП.