Временска прогноза
Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
18.08.2025 08:20
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
