Култура

Министерот Љутков ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар

18.08.2025 08:24

Во рамки на посетата министерот Љутков ќе оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски, а заедно ќе ги посетат институциите од областа на културата во оваа општина, Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Слепченскиот манастир како и библиотеката АЛ-БИ во демирхисарското с. Бабино...

Денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар. Во рамки на посетата министерот Љутков ќе оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски, а заедно ќе ги посетат институциите од областа на културата во оваа општина, Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Слепченскиот манастир како и библиотеката АЛ-БИ во демирхисарското с. Бабино.

Како што најавија од Министерството, предвидени се и изјави за медиуми.