огнена стихија

ЦУК: Во земјава има 4 активни пожари

18.08.2025 08:29

Во текот на вчерашниот ден низ државата евидентирани вкупно 26 на отворен простор. Од нив, 21 се изгаснати, еден е под контрола, а четири сè уште се активни...

Според последните информации од Центарот за управување со кризи во земјава има 4 активни пожари. Во текот на вчерашниот ден низ државата евидентирани вкупно 26 на отворен простор. Од нив, 21 се изгаснати, еден е под контрола, а четири сè уште се активни.

Жаришта има во Македонски Брод, во Општина Липково кај селото Лојане, како и во кумановските села Табановце, Сопот и Проевце.