Нетанјаху ги критикува протестите
Запрете ја војната или соочете се со бунт дома-стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Тел Авив осудувајќи ги одлуките на премиерот Нетанјаху за продолжување на војната во Газа...

Масовни протести во Израел. Запрете ја војната или соочете се со бунт дома-стотици илјади луѓе излегоа на улиците на Тел Авив осудувајќи ги одлуките на премиерот Нетанјаху за продолжување на војната во Газа.
„Уморни сме од војна, уморни сме од жртвување, бараме еден сеопфатен договор за враќање на 50 заложници дома“, изјави Јаел Адар, мајка на заложник.
Нетанјаху ги критикуваше протестите, тврдејќи дека прекинот на војната без пораз на Хамас би ја намалил шансата за ослободување на заложниците и би можел да доведе до нови напади. И покрај силниот внатрешен и меѓународен притисок, најави проширување на воените операции, преземањето на Газа вели е услов за завршување на војната.
„Оние кои повикуваат на крај на војната без пораз на Хамас не само што ја зацврстуваат нивната позиција и го одложуваат ослободувањето на нашите заложници, туку и осигуруваат дека ужасите од 7 октомври ќе се повторуваат одново и одново. За да го забрзаме ослободувањето на нашите заложници и за да осигуриме дека газа повеќе не претставува закана за Израел, мора да ја завршиме задачата и да го поразиме Хамас. Решени сме да ја спроведеме одлуката“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во истовреме нападите во Газа продолжуваат додека хуманитарната ситуација станува се полоша. ОН предупредуваат дека нивоата на глад и неухранетост се на највисоко ниво од почетокот на војната.
