Двојно убиство во Охрид
Две лица биле убиени во оружен инцидент што се случил синоќа околу половина час пред полноќ во угостителски објект на излезот од Охрид кон селото Лескоец.
Според првичните полициски информации, засега непознато лице влегло во објектот и по кратка вербална расправија со истрели од пиштол убило две лица. Еден од убиените бил сопственик на угостителски објект. Напаѓачот е во бегство и по него се трага.

Засега не се познати мотивите за инцидентот, а полицијата ќе излезе со повеќе детали по завршувањето на увидот и распитот на присутните лица во објектот за време на убиството. Неофицијално причина за убиството биле нерасчистени должничко доверителски односи.