Македонија
УХМР: Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно
18.08.2025 12:02
За време на викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.

УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.
За време на викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
