РКЕ
Од полноќ поевтинуваат горивата
18.08.2025 12:37
Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар...

Бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе изнесува 74 денари за литар, додека цената на „еуросуперот-98“ ќе изнесува 76 денари за литар.
Цената на дизелот се намалува на 67,50 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 67 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 1,143 денари килограм и ќе изнесува 38,643 денари.
