33 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АРМИЈА
Армијата над три децении вистински чувар на татковината
18.08.2025 13:17
Во касарната „Јане Сандански“ во Штип централна свеченост по повод 33-от роденден на македонската Армија. Повеќе од три децении исполнети со посветеност, пожртвуваност, знаење, храброст и одлучност во служба на татковината...

Армијата го слави 33-от роденден, три децении исполнети храброст, решителност посветеност во служба на државата. Централната прослава се одржа во Штип. Обраќања имаа претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, Сашо Лафчиски.
Милчо Велески ги пренесува пораките од одбележувањето на 33 години од формирањето на Армијата.
