Украина

Во напад на Харков загинаа десет лица

18.08.2025 15:11

Во напад со руски беспилотни летала врз станбена област во украинскиот град Харков во текот на ноќта загинаа десет лица, меѓу кои и мало дете и 16-годишно момче...

Во напад со руски беспилотни летала врз станбена област во украинскиот град Харков во текот на ноќта загинаа десет лица, меѓу кои и мало дете и 16-годишно момче, соопштија украинските власти, додека САД вршат притисок врз Киев да прифати брз договор за прекин на војната што ја започна Москва.

Шест деца на возраст од 6 до 17 години беа меѓу 20-те повредени лица во нападот врз вториот по големина град во Украина, објави на социјалните мрежи градоначалникот на поширокиот регион Харков.