Љутков: Меморијалната поставка на Петре М. Андреевски е во одлична состојба
Меморијалната поставка во демирхисарското село Слоештица, посветена на великанот на македонската книжевност Петре м. Андреевски, е во одлична состојба-истакна министерот за култура при денешната посета...

Меморијалната поставка во демирхисарското село Слоештица, посветена на великанот на македонската книжевност Петре м. Андреевски, е во одлична состојба-истакна министерот за култура при денешната посета, демантирајќи ги сите информации за наводно неводење грижа и лошата состојбата, кои беа пласирани во јавноста изминатиов период.
Објектот каде се наоѓа спомен-собата е во сопственост на Општина Демир Хисар, а неговото управување е доверено на невладина организација, избрана на јавен повик. Градоначалникот Најдовски потенцираше дека одговорно се грижат за поставката, освен протекување на кровот во 2021-ва, дополнителни градежни активност не се изведувале.
Синот на Петре М. Андреевски вели, спомен собата во изминатиов период била под клуч. Она што бараат е меморијалната поставка да биде достапна за јавноста и да има соодветен вработен кој ќе умее достојно да ги пренесе за важноста и творештвото на неговиот татко.
Задачата на невладината организација е да ја стави во функција спомен собата и истата да биде достапна на јавноста. Доколу тоа не функционира, ќе биде предадена на Домот за култура во Демир Хисар.
Од 1-ви август концесија за стопанисување на здружениот дом и спомен-собата е доделена на невладината организација „Моето родно место“.
Александра Максимовска
