Регион

Премиерот на Република Српска поднесе оставка

18.08.2025 19:30

Вишковиќ, кој заврши под санкции на САД поради поткопување на Дејтонскиот мировен договор, вели дека тоа е негова доброволна одлука...

Премиерот на Република Српска поднесе оставка, по скоро 7 години на функцијата. Останува во тимот, но на друга позиција. Вишковиќ, кој заврши под санкции на САД поради поткопување на Дејтонскиот мировен договор, вели дека тоа е негова доброволна одлука.

Мандатар би можел да биде Миниќ, актуелниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска.