Образование
Почнува уписот на бруцоши на УКИМ
19.08.2025 08:30
Од октомври студентите ќе можат електронски да си извадат потврда за редовност и уверение за положени испити...

Денеска почнува уписот на бруцоши на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Најмногу слободни места има на ФИНКИ, 1.020. На Природно-математичкиот факултет 910, а на Филозофски 800-ни слободни места. Процесот за уписи не е целосно дигитализиран и оваа академска година. Бруцошите, освен електронски, документите треба и хартиено да ги достават на студентски прашања.
Од октомври студентите ќе можат електронски да си извадат потврда за редовност и уверение за положени испити. Вториот рок за пријавување на кандидати на УКИМ е на 11-ти и 12-ти септември, а третиот на 24-ти истиот месец.
