Интензивирани нападите во Газа
Ерусалим потврди дека го добил одговорот од Хамас за најновиот предлог од арапските посредници за прекин на огнот...

Израелските воздушни сили ги интензивираат нападите во градот Газа додека палестинските власти обвинуваат за немилосрдното страдање на населението од бомбите и принудното гладување. Ерусалим потврди дека го добил одговорот од Хамас за најновиот предлог од арапските посредници за прекин на огнот. Додека медијаторите вложуваат напори за оживување на американскиот предлог за 60-дневно примирје во Газа во замена за ослободување на дел од заложниците, Израел тврди дека милитантите се подготвени да разговараат само затоа што се плашат од плановите на Нетанјаху за освојување на Газа.
„Хамас, за прв пат, по неколку недели неподготвеност да разговара за каков било договор за ослободување на заложниците, одеднаш се согласни. Причината е јасна и ја гледаме во дискусиите сега-само нивниот страв дека сериозно имаме намера да ја окупираме Газа, тие се подготвени да разговараат за договор“, изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.
„Разговарав со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот за нашите планови за градот Газа и завршувањето на нашите мисии. И како и вие, ги слушам извештаите во медиумите, и од нив може да се добие еден впечаток – Хамас е под огромен притисок“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
