Нови инциденти на протестите во Србија, уапсени неколку лица
Демонстрантите се судрија со полицијата додека ги уништуваа канцелариите на владејачката српска напредна странка...

Нови инциденти на протестите во Србија. Солзавец и димни бомби во Белград. Демонстрантите се судрија со полицијата додека ги уништуваа канцелариите на владејачката српска напредна странка. Претседателот Вучиќ кој ги посети демолираните простории најави побрза и посилна акција на државата и гонење на демонстрантите. Уапсени се неколку лица.
„Изгледа дека се исеков. Ова покажува со какви бандити и насилни луѓе си имаме работа. Со луѓе кои обично не знаат што да прават со своите животи. Тие беа толку малку вечерва. Ова всушност покажува дека штом се појави кој било тие бегаат. Но, ние нема да им се тргаме од патот, нема да се повлечеме, да бегаме. Напротив, ќе одиме на секое место, ќе се појавуваме на секое место и ќе го кренеме нашиот отпор на секое место“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
„Досега се уапсени 5 лица. Сите што извршиле кривични дела и акти на насилство ќе бидат санкционирани и предадени на обвинителите за натамошна постапка. Процесот на идентификување на сите вклучени лица е започнат, сите што покажаа невидена агресија, бруталност и хулиганство. Во таа смисла, повторно повикувам на мир. Државата е посилна од сите што повикуваат на насилство“, изјави Ивица Дачиќ, министер за полиција на Србија.
