Култура

Потпишување на Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт од Берлин

19.08.2025 09:11

На настанот ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот, и Музејот на град Скопје...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин, СР Германија, и од Музејот на град Скопје денеска ќе го посети археолошкиот локалитет Скупи.

Во рамките на посетата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт – меѓународна истражувачка институција под надлежност на Федералното министерство за надворешни работи на Германија.

На настанот ќе биде потпишан и Договор за соработка меѓу Германскиот археолошки институт, кој има долгогодишна традиција во вршење археолошки истражувања на најзначајните археолошки локалитети во светот, и Музејот на град Скопје.

По потпишувањето, предвидени се изјави за медиуми, најавија од Министерството.