Можеше и поинаку

22.08.2014 11:45

Можеа многу повеќе, а останаа да се надеваат на избегнување на дното. Нашите млади ракометни надежи до 18 години денеска го започнуваат првиот од двата последни настапи на Европското во Полска.

Можеа многу повеќе, а останаа да се надеваат на избегнување на дното. Нашите млади ракометни надежи до 18 години денеска го започнуваат првиот од двата последни настапи на Европското во Полска.

Чешка е попладневниот противник(12.30), па утре Романија за некое од 13-тото до 16-тото место. Оваа позиција во која до некаде и сами си се втурнаа Јовиќ и неговите избраници, самите до некаде и си се виновни. Можеби и немањето на искуство од настап на вакви големи собири и клубски сериозни натпревари го прават своето. По две децении апстиненција, се надеваме дека конечно ќе се фати редот за партиципирање и калење во младите европски и светски категории, за основата на она што утре ќе значи сениорски национален тим.

Два несреќни порази се случија. Можеше да се победи прелиминарно Русија, па да се оди со залиха во новоформираната група, па со неа и ќе се гледаше патот за мундијалот во оваа категорија. Се победи Србија, а можеше да се слави и против Исланд, вака останува да жалиме по тоа најмалку 9-то место. Дефинитивно останува и констатацијата, дека не до крај може да се земе како здраво за готово конечниот поредок, со вистинскиот квалитет на оваа наша генерација.