САД

Евакуација во Северна Каролина поради ураганот „Ерин“

19.08.2025 19:49

Иако не се очекува директно да стигне до копно, условите би можеле да бидат опасни по живот-предупредија надлежните и издадоа наредба за евакуација на населението во крајбрежјето на Северна Каролина поради можноста од поплави...

Ураганот „Ерин“ се заканува да предизвика опасни океански струи и бранови долж источниот брег на САД. Иако не се очекува директно да стигне до копно, условите би можеле да бидат опасни по живот-предупредија надлежните и издадоа наредба за евакуација на населението во крајбрежјето на Северна Каролина поради можноста од поплави.

 Метеоролозите велат дека ураганот се намалил до категорија 3, но бурата ќе остане моќна во следните неколку дена со ветрови до 200 километри на час и опасни бранови кои може да достигнат висина повеќе од 6 метри.