Нова германска инвестиција - ќе се гради фотоволтаична централа кај Македонски Брод
Германската компанија „Мини хидроцентрали“ од Меминген ќе гради фотоволтаична централа кај Македонски Брод. Сончевата електрана ќе произведува еден мегават електрична енергија и ќе биде лоцирана близу селото Инче кај Македонски Брод. Компанијата веќе откупила површина од 28 илјади метри квадратни на кои ќе бидат поставени сончевите колектори и придружната опрема. Инвестицијата се проценува на милион евра, кредит обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Неофицијално германскиот инвеститор, е заинтересиран да ги откупи и останатите три слободни локации за оваа намена во близината на селото Инче. Од општината Македонски брод велат дека за нив биле заинтересирани и неколку домашни компании бидеејќи испитувањата покажале дека овој предел има најмногу сончеви денови во годината.
Германската компанија од Меминген досега има изградено повеќе од 40 мали хидро и фотоволтаични централи и велат дека вложените средства со максимална искористеност на сончевите зраци се враќаат за околу осум години.