Соработка со Германскиот археолошки институт – нови перспективи за македонската археологија
Преку размена на искуства и заеднички археолошки истражувања се отвораат нови перспективи за нашите јавни музејски и научни установи. Потпишан меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт …

Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на Македонија и секој археолошки наод е жива врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, посочи министерот за култура и туризам Љутков. Преку размена на искуства и заеднички археолошки истражувања се отвораат нови перспективи за нашите јавни музејски и научни установи. Потпишан меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт.
Во земјава имате многу богати археолошки ископувања, но има и нешта што сè уште се скриени во земјата и би сакале да ги обелодениме, за целата јавност да ги види, рече Лукас Вертер од Германскиот археолошки институт.
Потпишан e договор за соработка и меѓу Германскиот археолошки институт и Музејот на Град Скопје.
Археолошкиот локалитет „Скупи“, како и сите други наоѓалишта се нераскинлива врска помеѓу минатото и сегашноста.
Александра Спировска
