Политички дилеми за независните кандидатури
Во ДИК не мина предлогот на членот Дитмире Шеху околу определувањето број на советници во општините бидејќи таква одлука носи Владата. Граѓанските здруженија сепак остануваат на ставот и ги собираат потписите за да станат политичка партија.

Додека трае енигмата дали ќе има долги избирачки листови или сепак прегледност во гласачкото ливче во ДИК не мина предлогот на членот Дитмире Шеху околу определувањето број на советници во општините бидејќи таква одлука носи Владата, а во Законот за локална самоуправа одредено е од минимум 9 до максимум 33 советници зависно колку е голема општината.
Во меѓувреме владејачките партии немаат голема грижа околу одлуката на ДИК независните да се кандидираат со само два потписи.
Граѓанските здруженија сепак остануваат на ставот и ги собираат потписите за да станат политичка партија.
Во меѓувреме социјалдемократите се со став дека преку собирањето на само два потписи се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што се пропушти шансата да се стави рамка која беше добра и прифатлива за сите-велат од „Бихачка“.
Миле А. Ристески
