Македонија

Не му се допаѓало како Антикорупциска отвора предмети, Ивановска пријавена за несовесно работење

19.08.2025 16:03

Поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска денеска се појави во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава против неа…

Не му се допаѓало како Антикорупциска отвора предмети и истите ги комуницира со јавноста и затоа ѝ поднел кривична пријава. Поранешната претседателка на оваа институција Билјана Ивановска во Обвинителството даде исказ по пријавата дека несовесно работела.

Не го откри името на човекот што ја пријавил, но појасни дека конкретниот предмет за кој беше повикана на распит бил отворен на иницијатива на друг член на Комисијата. Предметот подоцна бил затворен бидејќи не биле утврдени докази за сторен криминал.

Како претседателка на Антикорупциска, Ивановска била потписник на одлуките, па затоа и против неа се води пријавата.

Кривичната пријава е поднесена на 18-ти февруари. Од Обвинителството сметаат дека времето на доставата на поканата за распит која се случува неколку месеци подоцна, случајно се совпаѓа со објавувањето на нејзината кандидатура за градоначалничка на Центар.

Анита Димитријевска – Велковска