Блок свет

Повторно пукотници во САД

18.12.2013 10:50

Вооружен маж убил една лице и ранил уште две други  пред да си го одзеде животот во болница во американскиот град Рино. Напаѓачот и жртвите засега не се идентификувани, а не е познат ниту мотивот за нападот. Во моментот во болницата имало околу 100 лица.

„Двајцата ранети се згрижени во болница. Еден од починатите е напаѓачот“ изјави претставник на полицијата во Невада.

Последниот напад во САД се случи пред само неколку дена кога беа ранети двајца ученици во Колорадо, а напаѓачот беше пронајден мртов.

Москва-Киев

По разговорите меѓу рускиот и украинскиот претседател Путин и Јанукович, Русија се согласи драстично да ја намали цената на гасот за Украина и да купи украински обврзници за 15 милијарди долари. Путин истакнал дека во разговорот со украинскиот колега Јанукович не станало збор за приклучување на Украина кон пактот за слободна трговија со бившите советски републики.

„Намалените цени на гасот за Украина придонесоа  земјата да заштеди околу 10 милијарди долари во текот на последните неколку години“- појасни Владимир Путин, претседател на Русија

„Не постои друга алтернатива. Договорот има за цел да ја зголеми динамиката на трговската размена. Украина и Русија се стратегиски партнери“ изјави Виктор Јанукович, претседател на Украина

Во меѓувреме администрацијата на американскиот претседател Обама објави дека договорите меѓу Киев и Москва не даваат одговор на загриженоста на демонстрантите во Украина, и ја повика земјата да се врати на „патот кон европската иднина“.

Судан

По судирите меѓу противничките фракции на војската околу 500 тела биле пренесени во болница во престолнината на Јужен Судан, а според наводите на дипломатите што учествувале на затворената седница на Советот за безбедност за кризата во Африка, уште најмалку 800 лица биле ранети. Претседателот на Јужен Судан Салва Кир соопшти дека осуетил обид на еден политички противник да изведе државен удар по судирите што избија меѓу противничките фракции на јужносуданската војска.

Сирија

Западните земји и порачаа на сириската опозиција дека мировната конференција закажана за идниот месец, можеби нема да резултира со смена на претседателот на Сирија, Башар ал Асад од власта и дека алавитското малцинство можеби ќе остане клучен фактор во идната преодна влада на семјата. Пораката доаѓа како последица на засилената улога на Ал Каеда и другите екстремистички групации, како и на заземањето на граничен пункт и на магацини со оружје во близина на границата со Турција од страна на исламистите. Нагласено било и дека постои можност и Асад да учествува на претседателските избори, следната година, кога официјално ќе истече неговиот мандат. 

Марина Автовска