Николоски: Го добивме арбитражниот спор со „Казан дол“, заштедивме 115 милиони евра
Заштедени се 115 милиони евра, пари кои ќе се вложат во модернизација на инфраструктурата. Како што кажа виецпремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, државата ќе добие уште најмалку два случаја.

Македонија го доби случајот со арбитражната постапка за „Казан дол“, каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Заштедени се 115 милиони евра, пари кои ќе се вложат во модернизација на инфраструктурата. Како што кажа виецпремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, државата ќе добие уште најмалку два случаја.
„Овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен“, подвлече Николоски.
„Кога тужителите сфатија дека не им стојат добро работите, понудија спогодба со државата за помала сума, која варираше од 35 до 48 милиони евра. Ние таа спогодба ја отфрливме, затоа што бевме убедени во нашите аргументи“, вели Николоски, кој е дециден дека Македонија нема да плати ниту едно евро за случајот „Казан дол“.
