Мирна ноќ на протестите низ Србија
Демонстрантите излегоа на улиците во Белград, Ниш, Чачак, Панчево, Краљево и други градови низ земјата, во поддршка на приведените студенти и барајќи нивно...

Протестите низ Србија ноќеска минаа мирно и во помалку тензична атмосфера од претходните денови. Демонстрантите излегоа на улиците во Белград, Ниш, Чачак, Панчево, Краљево и други градови низ земјата, во поддршка на приведените студенти и барајќи нивно. Претходно, во Нови Сад студентите ја блокираа зградата на судот, по што министерството за правда реагираше и го осуди, како што рекоа, незаконскиот чин и обид да се попречи редовното работење на судските органи.
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ изјави дека на седницата на Советот за национална безбедност било оценето дека безбедносната состојба во Србија е стабилна.
