Украина

ЕУ најави нови мерки и санкции за Москва

20.08.2025 09:00

Коалицијата на подготвените најави продолжена поддршка за Украина додека ЕУ подготвува нови мерки против воената руска економија и нов пакет санкции за Москва...

Белата куќа уште еднаш ги истакна напорите на американскиот претседател Трамп дека на некој начин тој веќе договорил средба меѓу рускиот и украинскиот лидер Путин – Зеленски, но дека тие ќе мора самите да донесат конечна одлука.

„И двајцата лидери изразија подготвеност да седнат еден со друг, па затоа нашиот тим за национална безбедност ќе им помогне на двете земји да го сторат тоа. Претседателот отсекогаш велел дека постојат области на несогласување во оваа војна кои ќе треба да бидат дискутирани и одлучени од овие две земји, и затоа сака да се вклучат во директна дипломатија“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.

И покрај притисоците за билатерална средба, Москва сè уште не даде зелено светло за директните преговори, дури и ги намали надежите дека таа ќе се случи наскоро.

„Секој состанок би требало да се подготвува постепено. Почнувајќи од експертско ниво, а потоа да се поминат сите потребни чекори. Сите контакти во кои се вклучени високи функционери треба да се подготвуваат многу внимателно“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

По средбата со Трамп во Вашингтон, европските лидери на видеоконференција за исходот од разговорите. Коалицијата на подготвените најави продолжена поддршка за Украина додека ЕУ подготвува нови мерки против воената руска економија и нов пакет санкции за Москва.