Се чека одговор на Израел за прекин на огнот
60 илјади резервисти на готовс, чекаат повик пред започнување на проширената офанзива. Во меѓувреме, воздушните напади во енклавата продолжуваат.

Израелскиот план за преземање на градот Газа напредува додека семејствата на заложниците повикуваат на сеопфатен договор. 60 илјади резервисти на готовс, чекаат повик пред започнување на проширената офанзива. Во меѓувреме, воздушните напади во енклавата продолжуваат. Хамас кој неочекувано го промени својот став и прифати договор за прекин на огнот, сè уште чека на израелскиот одговор. Медијаторите со претпазлив оптимизам.
„Позитивниот одговор на Хамас се однесува на речиси сè што беше претходно договорено од Израел во изминатите разговори, но сè уште не сме добиле одговор од израелската страна. Затоа не можеме да тврдиме дека е постигнат некаков пробив, но тоа што имаме позитивен одговор од Хамас за договорот што беше на маса од пред неколку месеци, е одлично“, изјави Маџид ал-Ансари, портпарол на Министерството за надворешни работи на Катар.
Нетанјаху официјално не одговори на најновиот предлог, но изјави дека Хамас е под огромен притисок наспроти најавените воени планови и затоа сега сака да примирје.
