Србија потврди дека ЕУ бара да не се зголемува извозот во Русија
Вицепремиерот во Српската влада Ивица Дачиќ потврди дека Европската унија побарала Србија да не го поттикнува зголемувањето на извозот во Русија. Досега не сме вовеле такви мерки, изјави Дачиќ и најави дека откако ќе биде детално разгледано барањето од Брисел, владата во Белград ќе заземе официјален став.
Европската унија вчера упати демарш до Србија во кој бара да не се зголемува извозот на српски производи во Русија по одлуката за санкции кон Руската федерација.