Македонија
ЦУК: Активни пожари во „Јасен“ и во село Калдирец на Китка
20.08.2025 09:12
Според последните информации од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани биле 12 пожари...

Според последните информации од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани биле 12 пожари на отворен простор. Десет се изгаснати, а два се сè уште активни.
Сè уште гори во Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, и во општина Студеничани, кај селото Калдарец на Китка.
