ОБСЕ/ ОДИХР

24 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи за локалните избори

20.08.2025 09:43

ОДИХР ќе испрати набљудувачка мисија од 24 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи за изборите во октомври, како и за потенцијалниот втор круг во ноември.

ОБСЕ ќе ги набљудува локалните избори. ОДИХР ќе испрати набљудувачка мисија од 24 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи за изборите во октомври, како и за потенцијалниот втор круг во ноември.

Набљудувачите треба да ги опфатат сите фази од изборниот процес-почитување на законската рамка и нејзиното спроведување, регистрацијата на кандидатите, водењето на кампањата, медиумското покривање, финансирањето на кампањата, решавањето на изборните спорови и процедурите на денот на изборите, како и евентуалното заплашување на гласачите и злоупотреба на државните ресурси.