Салах- играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
20.08.2025 10:49
Салах признанието го доби од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија.

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за фудбалер на сезоната 2024/25 во Премиер лигата.
Салах признанието го доби од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија.
Триесет и тригодишниот Египќанец даде 29 гола и беше творец на 18 асистенции во 38 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.
Салах ја освои наградата по рекорден трет пат. Претходно ја освои наградата во 2017/18 и 2021/22.
