Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот.

Македонската кошаркарска репрезентација вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025.
Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме. За екипата на Унгарија, таа е најискусна екипа и игра најдобра кошарка. Кај нив тие погодија се, ние имавме лош шут за три поени и вкупно реализација. Задоволен сум, без никакво правдање на нештата. Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб, ќе ја имаат мојата поддршка, изјави селекторот Марјан Илиевски.
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот.
