Се пополнуваат студентските легла
Студентите ги резервираа наменетите за нив, сместувачки капацитети во студентскиот дом во Битола. Празни се 77 легла за матурантите кои ќе се запишат прва година на студии во градот …

Во рамките на административната зграда е реализиран проект за инклузивен процес односно за студенти со атипичен развој. Извршени се и интервенции во санитарните јазли. Минатите години е комплетно реновиран блок ЦЕ.
Наспроти ова, стан пристојно наместен од 50-тина квадрати во централното подрачје на Битола чини 300 евра. За легло и храна студентот во студентскиот дом ќе плати 3410 денари.
Децата на бранителите како и апликантите кои потекнуваат од семејства со невработени родители и оние чии родители имаат месечен приход до минимална плата ќе бидат сместени бесплатно. Во студентскиот дом „Кочо Рацин“ може да аплицираат и оние кои нема да студираат на државен универзитет. Аплицирањето се одвива по електронски пат.
Ружица Ѓоршевска
