Хауард сака одмор од репрзентацијата
Голманот на САД Тим Хауард нема да игра за националниот тим наредната година. 35-годишниот чувар на мрежата реши привремено да и стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да му се посвети на семејството.
„12 години играв во странство и не минувам доволно време со семејството. Затоа овој потег е вистински“, смета Хауард кој најавува можност да се врати во американската фудбалска селекција во септември 2015-та. Тоа би значело дека ќе го пропушти Конкакаф Голд купот следното лето.

Голманот на Евертон има 104 настапи во дресот со државниот грб, а доколку опстане на одлуката, ќе му отстапи место меѓу стативите на Бред Гузан, кој исто така брани во Премиер лигата, но за Астон Вила.