САД

САД ја проширува листата на царини за над 400 категории производи

20.08.2025 20:52

Новата мерка опфаќа увоз вреден над 200 милијарди долари, а царината ќе биде 50% на делот што содржи челик или алуминиум, додека остатокот ќе се оданочува по редовна стапка...

САД ја проширува листата на царини за над 400 категории производи што содржат челик и алуминиум – вклучувајќи ветерници, апарати за домаќинство, тешка механизација, мебел, мотори и делови за возила. Новата мерка опфаќа увоз вреден над 200 милијарди долари, а царината ќе биде 50% на делот што содржи челик или алуминиум, додека остатокот ќе се оданочува по редовна стапка.

Новите тарифи стапуваат во сила веднаш.