Единаесетти ден борба со огнената стихија, теренот и чадот најголеми пречки
Се шири пожарот во Националниот парк „Јасен“. Гаснењето е отежнато поради непристапниот терен и густ чад. Во акцијата се вклучени специјални полициски единици, алпинисти, дрвосечачи и два хеликоптери кои интервенираат на критичните точки. Надлежните уверуваат дека пожарот ќе биде ставен под контрола и повикуваат на претпазливост поради ризикот од проширување на огнот...

На терен има и два хеликоптери кои и покрај лошата видливост поради чадот тие дејствуваат на жешки точки каде што има оган. Непристапниот терен и густиот чад се двете најголеми пречки во гаснењето на пожарот
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели благодарение на „пинцгауер“ возилата пожарот не направил размерни штети. На прашањата на граѓаните колкава површина шумско земјиште изгорело, Ангелов рече дека бројките што се изнесуваат во јавноста се преголеми.
Во моментов во државата се активни два пожари на отворен простор. Според податоците од Центарот за управување со кризи, најголемата загриженост останува за шумските површини каде огнот може да се прошири, особено поради високите температури и засилениот ветер.
Мартин Николовски
