Втор ден уписи, интересот за Факултетот за земјоделство годинава зголемен
Втор ден уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има над 9.700 слободни места за бруцоши. Студентите денеска и вчера ги доставуваа своите документи …

Втор ден од првиот уписен рок. Бројот на бруцоши кои ги доставуваа документите на студентски прашања многу помал од вчера. Секој со својата визија за иднина.
Деканот на Факултетот за земјоделство и храна вели дека интересот за упис оваа година е зголемен. Редовните студенти финансирани од државниот буџет ќе плаќаат партиципација од 200 евра, додека оние со кофинансирање и вонредните студенти ќе плаќаат по 400 евра.
На 23-те факултети има 9.719 слободни места. Студентите денеска и вчера ги доставуваа своите документи.
Вториот уписен рок е на 11- ти и на 12- ти септември, а третиот е на 24-ти септември.
Ана Јосифоска
