Дејвис го напушти МЗТ
Кејд Дејвис ќе замине од МЗТ Скопје Аеродром. Американскиот интернационалец не се договори со македонскиот кошаркарски првак за продолжување на соработката, па поради тоа реши да замине во грчкиот тим Неа Кифисиа. Дејвис беше во составот којшто ги освои трите шампионски титули по ред во нашето кошаркарско првенство, а со оглед на силните впечатоци што ги носи од престојот кај нас им се заблагодари на сите со кои го делеше „кошаркарскиот леб“.

„Ќе ми недостига Скопје и сите пријатели коишто ги стекнав за време на мојот престој обвде. На МЗТ му посакувам се најдобро во новата сезона“, изјави Дејвис.