Локални избори

Мицкоски: И со два потписа не се задоволни

20.08.2025 16:51

Порано велеа многу потписи требаат, сега велат малку потписи се – премиерот Мицкоски на коментарот на независните дека за претстојните локални избори не се рамноправни со другите партии. Прашува што треба да се направи за да се задоволни сите страни. Мицкоски уверува дека Владата останува стабилна и насочена кон реформи. Според него ДУИ од опозиција се обидува да изврши притисок за враќање во власта.

И со два потписа не се задоволни граѓанските независни иницијативи, реагира премиерот Христијан Мицкоски и прашува што треба да се направи за да се задоволни сите страни. Оваа негова реакција следи по коментарот на независните иницијативи дека и покрај намалувањето на бројот на потписите, тие за локалните избори не биле рамноправни со другите партии и натаму се во процедура за формирање политичка партија.

Премиерот уверува дека Владата останува стабилна и насочена кон реформи, додека ДУИ од опозиција се обидува да изврши притисок за враќање во власта.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници во општините каде што се правеа дополнителни анализи.

Од Владата јасно уверуваат дека функционираат стабилно веќе 14 месеци и дека, за разлика од минатото, сега нема корупција и криминал како пракса.

 

Борис Грујоски