Временска прогноза

Сончево и топло со мала локална облачност

21.08.2025 08:24

Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени целзиусови.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.