Култура

Почнува меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“

21.08.2025 08:34

Ќе учествуваат 70 поети од земјава и од странство...

Од денеска до понеделник, ќе се одржи 64-тото издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Ќе учествуваат 70 поети од земјава и од странство. Почетокот традиционално е со садење дрвце и поетско читање во паркот на поезијата во чест на добитникот на „златен венец“ на истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач, Иван Штрпка. Фокусот на годинешното издание е глаголицата.

Подготвени се графички и видеосодржини како потсетување на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку преводите на она што го знаеме како старословенски јазик.