Повици за мир во пресрет на окупирањето на Газа
Израел потврди дека ги презеле првите чекори за спроведување на офанзивата...

Генералниот секретар на ОН повикува на прекин на огнот во Газа, додека Израел се подготвува за нов напад и окупација на градот во енклавата.
„Морам да повторам дека е од витално значење веднаш да се постигне прекин на огнот во Газа и безусловно ослободување на сите заложници и да се избегне масовна смрт и уништување што неизбежно би го предизвикала оваа воена операција во градот Газа“, изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.
Израел потврди дека ги презеле првите чекори за спроведување на офанзивата.
„Ќе ја продлабочиме штетата врз Хамас во Газа-упориштето на владиниот и воен терор. Ќе ја уништиме терористичката инфраструктура над и под земјата и ќе ја прекинеме зависноста на населението од Хамас. Нема да чекаме. Ги започнавме прелиминарните операции и првите фази од нападот“, изјави Ефи Дефрин, портпарол на израелските одбранбени сили.
Одлуката за дополнителен притисок врз Хамас доаѓа во момент кога групата се сложи со новиот предлог за прекин на огнот за кој израелските власти сè уште не дале зелено светло.
