Обвинителство

Истрага против лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

21.08.2025 09:42

Заканата беше упатена на 16-ти овој месец преку бројот за итни случаи 192, по што беа активирани сите антитерористички протоколи. По неколкучасовна проверка било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, отвори истрага по кривична пријава од МВР, против лице осомничено за тероризам, поради закана за подметната бомба во авион на летот Скопје – Анталија.

Заканата беше упатена на 16-ти овој месец преку бројот за итни случаи 192, по што беа активирани сите антитерористички протоколи. По неколкучасовна проверка било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Осомничениот предизвикал страв, паника и нарушување на воздушниот сообраќај, а Обвинителството за него побара мерка притвор.