Загина навивач во Бразил

22.08.2014 12:45

Бразилски навивач го загуби животот во тепачка на железничка станица во Сао Паоло меѓу навивачките групи на Палмеирас и на Коринтијанс. 31-годишниот Жилберто Переира бил удиран во главата со метални и дрвени прачки, по што лекарите во болница во Сао Паоло не можеле да му го спасат животот.

Навивачите на Коринтијанс се враќале од натпревар на нивната екипа, а оние на Палмеирас патувале во Сао Паоло, по што избила тепачка во којашто најлошо минал симпатизерот на Палмеирас. Поради учество во нарушување на јавниот ред и мир, полицијата привела шест лица.