Се намалува бројот на првачиња во Битола
Се намалува бројот на првооделенци во битола. Досега на списокот 20% помалку новозапишани во однос на лани. Дополнително родителите мораа да ги запазат законските измени за почитување на реонизацијата, која како што велат им го усложнува животот...

Дали Битола ќе стане град на старите? И натаму се намалува бројот на запишани првоодделенчиња. Досега на списокот се наоѓаат дури дваесет проценти помалку во однос на лани.
„Во основните училишта во Општина Битола за учебната 2025/26 година, до денес се запишани 636 првачиња. Ланската година беа запишани 767. Точната бројка ќе ја имаме по први септември“, велат од Општина Битола.
Родителите мораа да ги запазат законските измени за почитување на реонизацијата. Во однос на ова, граѓаните со поделени мислења. Дали ќе има отстапки за одредени семејства, останува да видиме.
Законската измена за почитување на реонизацијата го усложни животот на некои родители. Оние пак кои не ги запишаа децата во прво одделение во период од 1-31 мај, заработија казни по 200 евра.
Инспектори од Државниот просветен инспекторат образложија дека семејствата биле на време информирани за законската обврска.
Ружица Ѓоршевска
