Мадрид е на нозе, Атлетико или Реал до првата титула?

22.08.2014 12:48

На кој дел од Мадрид ќе замине првиот трофеј од сезоната во шпанскиот фудбал? Во витрините на „Винсенте Калдерон“ или на „Сантјаго Бернабеу“? Тече одбројувањето на последните часови до моментот кога во еден кус временски период одново ќе ги вкрстат копјата Атлетико Мадрид и Реал Мадрид. Со резултатските 1:1 од пред три дена, двата моќни состави влегуваат во „второто полувреме“ од шпанскиот Супер Куп.Ова е време кога ривалството меѓу двата табора од главниот град на Шпанија доживува една од многуте кулминации низ децениите наназад.

На кој дел од Мадрид ќе замине првиот трофеј од сезоната во шпанскиот фудбал? Во витрините на „Винсенте Калдерон“ или на „Сантјаго Бернабеу“? Тече одбројувањето на последните часови до моментот кога во еден кус временски период одново ќе ги вкрстат копјата Атлетико Мадрид и Реал Мадрид. Со резултатските 1:1 од пред три дена, двата моќни состави влегуваат во „второто полувреме“ од шпанскиот Супер Куп.Ова е време кога ривалството меѓу двата табора од главниот град на Шпанија доживува една од многуте кулминации низ децениите наназад. Благодарение и на двајцата харизматични тренери Карло Анчелоти и Диего Симеоне,  особено Симеоне кој ја отстрани долгогодишната „маргиналност“ на  Атлетико во однос на Реал Мадрид и Барселона. „Ел Чоло“ ја врати титулата на „Винсенте Калдерон“, Анчелоти го оствари сонот за „Ла децима“, освојувајќи ја  десеттата европска круна за Реал!

Седми пат двајцата тренери вечер ќе бидат еден наспроти друг! Со каква стратегија влегуваат во новата пресметка? Симеоне веројатно реваншот ќе го започне со истите единаесетмина од првиот натпревар.Мајстор е да ги мотивира своите фудбалери, но  кога е во прашање  Реал не  треба премногу да  вложи во овој дел од подготовките.Голот во гости е предноста на Атлетико само на хартија. Да се игра на 0:0 против Реал е рамно на утопија!Затоа ќе се обиде да ја преживее доминантноста со топка на играчите на кралскиот клуб и да ја искористи повремената „отсутност“ на одбраната. Анчелоти одново има проблем со повреда на својот главен јуришник, Кристијано Роналдо. Шансите вечер да заигра се добри, информира лекарскиот тим на Реал. Родригез, инвестицијата на Реал за иднината, стрелецот на голот пред три дена очекува да најде место меѓу првите единаесетмина.Болно прашање е и Ангел Ди Марија кој од Анчелоти е ставен на спореден колосек, а тој како за инает игра одлично. И јавно изразува желба да си замине од Реал!

Во 22 часот ќе започне големата пресметка Атлетико Мадрид-Реал Мадрид, на полноќ Шпанија ќе го слави носителот на Супер купот, на првиот трофеј во новата фудбалска сезона.