Борисов: Бугарија е пред банкрот

22.08.2014 12:51

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов предупреди дека на земјата и се заканува банкрот според грчкото сценарио, па и напуштање на НАТО, доколку не биде сменета досегашната политика, а  неговата партија ГЕРБ не освои солидно мнозинство за да формира самостојно влада по  претстојните предвремени избори.

„Ситуацијата е таква што, како што во зимно време не и даваме на жена да вози, туку го пуштаме најдобриот возач, така и сега прашањето е дали ќе ја избегнеме катастрофата во која се наоѓаме. Да не западнеме во несреќа и да одиме надолу како Грција, на која имаше кој да и помогне. Во нашиот случај во еден момент ќе стане прашање и за излегување од НАТО, изјави Борисов, во пресрет на октомвриските избори.