Финансии
Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок
21.08.2025 18:28
Премиерот Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на буџетот, до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок, воведен од претходната влада.

Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок. До нив е доставен предлог за исплатата да се изврши во две рати, во март в година и март 2027-ма.
Премиерот Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на буџетот, до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок, воведен од претходната влада.
Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. Дека парите ќе им се вратат на фирмите, денеска потврди и министерката за финансии.
