Обвинителство

Лажен Панче Тошковски изнудил 1,5 милиони денари од скопјанец, поведена истрага за едно лице

21.08.2025 19:52

Во четири наврати, на различни локации, оштетениот му ги предал бараните пари.

Скопското обвинителство поведе истрага против едно лице, осомничено за изнуда на околу еден и пол милион денари. Осомничениот во периодот од 15 до 28 јули годинава, со закани се претставувал во име на министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, барајќи пари од оштетено лице за да избегне наводна судска постапка.

Во четири наврати, на различни локации, оштетениот му ги предал бараните пари.

Обвинителството утврдило дека станува збор за сериозна закана и затоа отвори постапка за изнуда, за што е предвидена затворска казна од најмалку една година.

До Основниот кривичен суд Скопје доставен е и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираат од Обвинителството.