Социјалдемократ-германски шеф на дипломатија
Дали може нашата земја да се надева на поизразен германски притисок за отворање на преговорите со ЕУ, особено по назначување на Франк-Валтер Штајнмајер за нов германски шеф на дипломатијата. Според германскиот аналитичар Оливер Шварц, министерот Штајнмајер означува поповолна политичка атмосфера за македонската интеграција во ЕУ. Тој е исто така конструктивен соговорник за европското проширување.

Дали може нашата земја да се надева на поизразен германски притисок за отворање на преговорите со ЕУ, особено по назначување на Франк-Валтер Штајнмајер за нов германски шеф на дипломатијата. Според германскиот аналитичар Оливер Шварц, министерот Штајнмајер означува поповолна политичка атмосфера за македонската интеграција во ЕУ. Тој е исто така конструктивен соговорник за европското проширување. Ова германскиот аналитичар го изјави за Дојче Веле, дополнувајќи дека вечно не може да функционира блокадата на Македонија, бидејќи според Шварц, наредната година нашата земја се повеќе ќе биде присутна во европската политика и Унијата ќе мора конечно да и се посвети на Македонија.
Извор:Дојче Веле
